Напитокот за долговечност кој го пијат сите во Шведска! Се подготвува од специјални намирници

Шведската компанија неодамна претстави ново млеко на база на компир, кое веднаш го привлече вниманието на пазарот.

Цената на овој иновативен производ се движи меѓу 3 и 5 евра за литар. Млекото од компир е богато со влакна, витамин Б12, железо и фолати.

Овој рецепт доаѓа од професорката Ева Торнберг од Универзитетот Лунд, која разви кремаста „ емулзија од компир “ уште во 2017 година. Млекото доаѓа во три варијанти, оригинално, бариста (за кафе) и незасладено.

Производителите истакнуваат дека ова млеко обезбедува значителен внес на витамин Ц, калиум, магнезиум и антиоксиданси и дека е поеколошки од другите пијалоци од растителна основа. Исто така, содржи помалку шеќер и масти, а нема вообичаени алергени, па затоа е совршен за луѓе кои се чувствителни на лактоза, глутен или јаткасти плодови.

За оние кои сакаат да направат сопствено млеко од компир, процесот е едноставен:

Излупете ги компирите, сварете ги, па ставете ги во блендер со вода, по желба додадете мелени бадеми, прстофат сол, природен засладувач и малку екстракт од ванилин. Сè изблендирајте и истурете го во сад.