Многумина се прашуваат како се храни жена која во 6-та деценија изгледа како да има 20 години, а одговорот го носи познатата актерка Дона Дерико.
Сите ја знаат огнената Дона Дерико од популарната серија „Чувари на плажата“, а и денес нејзиниот изглед мами воздишки кај нејзините обожаватели кога и да се појави.
Многумина се прашуваат на што актерката го должи својот младешки изглед, а потоа во една прилика откри како се грижи за себе, како и дека критикувањето на жените врз основа на нивната возраст е многу неправедно.
„Мислам дека критикувањето на жените врз основа на нивната возраст е неправедно. Мажите не се соочуваат со истото испитување, а мислам дека ни тие не би го сакале тоа. За жал, знам дека тоа нема да исчезне бидејќи тоа е дел од нашата култура. – рече Дона, еднаш.
Таа призна дека е благодарна за исхраната базирана на растително потекло до која строго се придржува и дека веганството за неа било вистинско откритие.
„Искусив бројни бенефиции, како почиста кожа, подобро варење, подобар сон, но тоа не е причината зошто го правам тоа. во едно од интервјуата.
Кога станува збор за нега на кожата, таа се труди да не експериментира премногу, па нејзината рутина е многу едноставна.
„Едноставно, мислам дека не треба да бидеме притиснати да го пробаме секој производ кој тврди дека е нов најдобар. Користете го она што навистина и одговара на вашата кожа и обидете се да ги одржувате чекорите за нега што е можно поедноставни“, истакна актерката.
Ќе потсетиме дека Дона отсекогаш имала совршена линија, која ја прослави кога играше улога во познатата серија „Чувари на плажата“ од 1996 до 1998 година. Актерката, како и нејзините колешки, во серијата трчаше на плажа во црвен едноделен костим за капење кој ги истакна нејзините занесни облини.