Направете домашен џем од јагоди: Има само 3 состојки, готов е за половина час, а неговиот вкус е едноставно неодолив (фото)

Јагодите, најпопуларното, а на многумина омиленото црвено овошје. За многубројните придобивки од ова вкусно овошје веќе пишувавме, а доколку сте љубител на мармалади и џемови, ви предлагаме да го пробате овој брз рецепт за домашен џем од јагоди.

Џемот од јагоди е омилениот сладок овошен намаз на многумина, а за негова подготовка ќе ви бидат потребни само 3 состојки.

Како да направите џем од јагоди?

Потребно е

  • 500 гр излупени јагоди
  • 1 ½ шолја шеќер
  • сок од еден лимон
  • 1 стерилизирана тегла

Подготовка

Ако сè уште не сте, прво исчистете ги јагодите од дршките и добро измијте ги. Јагодите исечкајте ги и ставете ги во поголем огноотпорен сад, а потоа посипете ги со шеќер и додадете сок од лимон.

Овошјето добро измешајте го, ставете го садот во микробранова печка и загрејте го на највисока температура четири минути. После тоа, извадете го садот, измешајте ја смесата и вратете ја уште 15 минути.

За тоа време земете ја чинијата и ставете ја во замрзнувач. Кога ќе забележите дека џемот ќе зоврие, исклучете ја микробрановата печка, промешајте, оставете да се „сталоти“, потоа вратете го и продолжете со готвењето. По 15 минути џемот и понатаму ќе биде прилично редок, а можете да проверите дали е готов така што ќе извадите чинија од замрзнувачот и ќе ја истурите со лажица џем, па повторно ќе го ставите во замрзнувач две до три минути. Ако џемот е доволно густ, готов е.

Џемот од јагоди е омилениот сладок овошен намаз на многумина, а за негова подготовка ќе ви бидат потребни само 3 состојки.

Забелешка

Ако сè уште изгледа ретко, вратете го во микробранова печка и варете уште една минута, а потоа повторете го тестот. Истурете го џемот во стерилизирани тегли и уживајте во вкусот.

Лековити својства на јагоди

Дневната доза на јагоди може да го подобри здравјето на срцето, мозокот и дигестивниот систем. Многу студии сугерираат дека редовното консумирање на храна богата со витамин Ц, како што се јагодите, може да го подобри кардиоваскуларното здравје.