Медот и лукот треба да бидат во вашето секојдневно мени бидејќи имаат позитивен ефект врз имунитетот, велат експертите.
Природниот мед е полн со ензими, витамини и минерали кои ни се потребни за време на вирусниот период, а лукот се користи уште од античко време за борба против настинки.
За да му обезбедите на вашето тело доволно хранливи материи, направете природен антибиотик. Потребни ви се три чешниња лук и тегла мед.
Исецкајте го лукот и ставете го во медот. Оставете ја смесата да отстои некое време, така што сите состојки добро ќе се соединат.
Доволно е да се зема по една лажица од овој природен препарат секое утро, седум дена по ред.
Еве зошто оваа комбинација е важна за вашето тело:
Го штити срцето
Оваа смеса ги чисти крвните садови од маснотии и на тој начин спречува срцев удар. Додека крвта слободно циркулира низ вашето тело, срцето како орган е заштитено.
Помага при болки во грлото
Медот и лукот имаат високо антиинфламаторно дејство, па затоа се многу добри за борба против инфекции на грлото.
Помага при дијареја
Со помош на оваа смеса, можете да го зајакнете дигестивниот систем и со тоа да го намалите ризикот од каква било инфекција, како и проблеми со дијареја.
Помага при сува кашлица
Медот и лукот се исклучителни во разградувањето на густата слуз, која се таложи во задниот дел на грлото и на тој начин предизвикува сува кашлица. Оваа комбинација ги разредува секретите и помага при воспалителни процеси.
Делува на габични инфекции
Габите можат да нападнат различни делови од вашето тело, но оваа смеса е вистинска антибактериска бомба, која помага и во овој случај. Најдобро е да се користи превентивно, бидејќи така се намалува можноста за каква било инфекција.
Против холестерол
Мешавина од мед и лук е природен детоксикатор за вашето тело, а фитотерапевтите ја препорачуваат за стабилизирање на холестеролот во крвта и губење на тежината.
Против херпес
Херпес симплекс е вирусна инфекција и се манифестира како рани и плускавци, обично околу усните. Откако ќе го добиете симплекс вирусот, еден дел од него останува „неактивен“ во телото засекогаш. Со опаѓањето на имунитетот, тој добива шанса и станува активен, а медицинските студии покажаа дека лукот помага со повеќе од 90 проценти од вирусот симплекс во рок од 30 минути.