Направете природни маски за лице од јагоди: Нејзините листови се исто така многу корисни (фото)

Јагодите се во сезона, а освен десерти, смути и овошни салати, ова омилено пролетно овошје е идеална состојка за нега на кожата на лицето. Покрај плодот, можете да ги искористите и листовите за да подготвите здрав чај.

За нега на кожата, природните маски кои сами ќе ги направите дома од свежи состојки ќе ја нахранат, хидрираат и освежат вашата кожа.

Во зависност од другите додадени состојки, маските се погодни за сите типови кожа.

-За сува кожа се препорачува маска од зрели мелени јагоди, павлака и мед;

-За мрсна кожа, млеко и белки пд јајца се додаваат во јагодите;

-За комбинирана кожа , јагодите се комбинираат со малку камилица и маслиново масло.

Направете здрав чај од листовите јагода

Покрај плодовите, многу корисни за здравјето се и листовите јагода, од кои се прави чај за лекување на болки во грлото, настинки и грип, а се покажал како ефикасен и за смирување на варењето.

Чајот се прави така што две лажички суви листови од јагоди се прелеваат со чаша врела вода и се остава да отстојат околу петнаесет минути.

Се пие топол, три пати на ден, по една шолја после јадење, а може да се користи и како гаргара при болки во грлото.