Направете украси со копчиња! Бидете креативни – направете вашиот дом да блесне за празниците

Покажете ја вашата креативност и направете сами украси за елката, вратата или празничната трпеза.

Новата година се ближи и многу луѓе сакаат сами да си направат украси за најлудата ноќ . Подолу ви носиме идеја како да направите прекрасни украси од копчиња. 

Потребно ви е долго парче жица или рибарска линија, 7  копчиња во боите по ваш избор и во различни големини, како и повеќебојни мониста.

1. Направете мал јазол на дното на жицата на кој ќе ги нанижувате копчињата. 
Започнете со најголемото копче бидејќи тоа ќе биде основата на елката, а потоа нанижете ги останатите копчиња, од најголемото до најмалото.

2. Ставете топче помеѓу секои две копчиња.

3. Завршете ја врвката со украсна топка, ѕвезда или што било друго што имате при рака и прицврстете ја жицата. За да направите висечки украс, оставете подолго парче жица на крајот, кое ќе го свиткате и потоа ќе го превртите над ѕвездата на врвот.