Украинскиот генерал-полковник Александар Сирски тврди дека воените сили под раководство на Киев формирале услови да го вратат Бахмут под нивна контрола, бидејќи „половина ја опколиле“ руската војска во тој град во Донбас.
- Во овој момент распоредот на руските војници наликува на лак што е концентриран во Бахмут. И тие се половина опкружени. Па, невозможно е да не се искористи тоа – изјави Сирски, командант на силите на истокот на земјата, за украинскиот сервис Би-Би-Си , како што пренесува Yahoo News.
Се известува дека Сирски оценил дека повторното преземање на контролата врз градот, кој Русија го освои на крајот на мај, има не само симболична, туку и стратешка вредност.
Тој објасни дека Бахмут е важен сообраќаен центар кој им овозможува на руските сили да напредуваат понатаму.
Според Сирски, платениците од руската приватна воена компанија „Вагнер“, кои ги воделе напорите за заземање на тој град, таму претрпеле толку големи загуби што станале неупотребливи во битка.
– Украина ќе може да го заземе Бахмут со десет пати помали загуби – оцени Сирски.
Тој изнесе и податоци за брзината на напредувањето на неговите војници на тој фронт.
– Секојдневно напредуваме од 0,5 километри до еден километар – рече Сирски, кој на новинарско прашање дали е сепак побавно отколку што тие би сакале, одговори потврдно.