По пандемијата на коронавирус, одморалиштето Wonsan Beach се претвори во град на духови. Или, поточно, во градот на бездомниците.
Веднаш до воено-цивилната воздухопловна база и на местото на поранешниот полигон за тестирање на проектили во Вонсан, Северна Кореја, требаше да се изгради монденско летувалиште за локалното население, како и за други заинтересирани посетители.
Но, по пандемијата на коронавирус, одморалиштето Wonsan Beach се претвори во град на духови. Според јужнокорејскиот весник „Дејли НК“, бездомниците се единствените кои моментално ги посетуваат низите недовршени и напуштени хотели во провинцијата Кангвон долж источната страна на Корејскиот полуостров. Иако повеќето од 150-те планирани хотели и згради беа изградени во одморалиштето не беа електрифицирани, не беа поставени прозорци и врати, а не беа бојадисани ѕидовите. Со оглед на тоа што нема контрола, не е чудно што одморалиштето стана полно со човечки измет и саѓи од палење огнови.
Изградбата на Wonsan Beach Resort беше инспирирана од појавата на забавните паркови во Бенидорм, Шпанија, поради што многумина го нарекуваат севернокорејски Бенидорм.
Идејата да се создаде луксузно одморалиште се роди во 2017 година откако тимот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го посети одморалиштето Коста Бланка.
Ким Јонг Ун нареди изградба на одморалиштето, кое имаше премногу амбициозни рокови – најпрвин требаше да биде готов во 2018 година, потоа во 2019 година и на крајот во 2020 година . Кога започна пандемијата, сите градежни работи беа прекинати, а се уште не се знае кога и дали воопшто ќе бидат обновени.