Израел започна тотална опсада на Појасот Газа по нападот без преседан на палестинската екстремистичка организација Хамас.
NBC News пренесува дека ова денес го соопштил министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант.
„Наредив целосна опсада на Појасот Газа. Нема да има струја, храна, гас, се е затворено. Се бориме против човечките животни и постапуваме соодветно“, изјавил Јоав Галант.
Странските медиуми објавија дека министерот во Владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно бил командант на израелските одбранбени сили (ИДФ), како што официјално се нарекува Армијата на земјата.
Јоав Галант го кажал ова откако ја проценил ситуацијата заедно со офицерите на јужната команда на ИДФ.
NBC News известува дека Појасот Газа е мала крајбрежна енклава дом на повеќе од два милиони жители, која е блокирана со години откако Хамас ја презеде власта таму.
Се вели дека Израел објави дека ја вратил контролата врз својата територија по крвавиот упад на борците на Хамас што започна во саботата наутро.
NBC News наведува дека се уште има извештаи за тековни борби и нови упади на палестинските екстремисти од Појасот Газа во јужните израелски градови.
Се вели дека ИДФ мобилизирала 300.000 војници пред, како што многумина претпоставуваат дека ќе биде копнена операција на израелските сили во густо населената енклава.
Bloomberg наведува дека тоа е најголемата мобилизација во историјата на Израел.