– Американската Национална агенција за аеронаутика и вселена (НАСА) користи огромна сателитска антена во Канбера, главниот град на Австралија, за примање сигнали од вселенското летало „Војаџер 2“, со кое е изгубен контакт по праќањето погрешна команда.
Весникот „Гардијан“ јавува дека НАСА пратила погрешна команда до вселенското летало и дека тоа „талка“ во длабочините на вселената.
Обидувајќи се повторно да воспостави врска со вселенското летало, НАСА постави огромна сателитска антена во Канбера.
НАСА соопшти дека се обидува да прими сигнал од леталото оддалечено 19 милијарди километри.
Се наведува дека ќе бидат потребни повеќе од 18 часа сигналот од леталото да стигне до антената.
Доколку сигналите не пристигнат, НАСА ќе мора да почека леталото автоматски да се ресетира и да ја поправи својата комуникациска мрежа во октомври.
НАСА продолжува да комуницира со своето друго летало „Војаџер 1“, кое е оддалечено 24 милијарди километри во вселената.