НАСА открива мистериозен објект кој се движи со брзина од милион милји на час низ вселената

Џиновски објект кој се движи со голема брзина – повеќе од 27.306 пати поголема од Земјата – минува низ нашата галаксија толку брзо што може да се отцепи од Млечниот Пат, објави американската вселенска агенција НАСА.

Научниците утврдиле дека мистериозниот објект летал со екстремно голема брзина – од милион милји на час и дека е оддалечен 400 светлосни години од Земјата (една светлосна година е еднаква на шест трилиони милји), пренесува Телеграф.

Иако експертите не утврдиле што е новооткриениот објект, тие шпекулираат дека станува збор за „кафеаво џуџе“, ѕвезда која е поголема од планета, но нема маса за да одржи долгорочна нуклеарна фузија во неговото јадро, како што е Сонцето на Земјата.

Ако објектот се потврди како кафеаво џуџе, тоа би било првпат да биде документирано во хаотична орбита со хипербрзина способна да се ослободи од нашата галаксија.

Коалиција на граѓани-научници во проектот на НАСА Backyard Worlds: Planet 9 беше првата која го откри небесното тело, тврди дека е потврдено од американската вселенска агенција.