Универзитетот во Аризона, што ја разви камерата со компанијата „Бол аероспејс“, ја објави сликата.
Орбитерот „Марс реконесенс“ (МРО) на американската вселенска агенција НАСА, снимајќи ја површината на Марс, улови – „лице на мече“.
На фотографијата направена од камерата „ХиРИСЕ“ (High Resolution Imaging Experiment), јасно се гледа необичната геолошка формација. Кружниот облик на работ (некакви пукнатини околу вулкан, се претпоставува) „ја одразува“ главата на мечката, два плитки кратера ги оцртуваат очите, а возвишението во облик на превртено „Г“ (веројатно, вулкански отвор, или пак, насобрана кал) наликува на муцка, т.е. нос… Овој своевиден куп може да е последица на таложење на самиот врв на закопаниот кратер кој бил исполнет со лава или кал.
Универзитетот во Аризона, што ја разви камерата со компанијата „Бол аероспејс“, ја објави сликата.
Камерата „ХиРИСЕ“ го фотографира Марс од 2006 година, кога орбитерот „МРО“ почна да ја обиколува „Црвената планета“. Моќната камера е дизајнирана да ја слика површината на Марс, со прилично голема прецизност. Леталото прави круг околу Марс за 112 минути, со брзина од околу 255 километри над неговиот јужен пол или 320 км над северниот пол. Орбитерот има инструменти за проучување на атмосферата, времето и климата на Марс и како тие се менуваат. Исто така, бара докази за вода, мраз и сложен терен и места за можните идни мисии. „МРО“ неодамна испрати и фотографии од „зима на Марс“.