Голем број демонстранти вчера во Ливерпул физички нападнаа полицаец кој бил сам, односно на место каде што немало други полицајци.
Нападот на полицаецот на моторот е снимен, а видеото е објавено на социјалните мрежи. Тој бил нападнат кога се обидел да го оддалечи својот мотор од местото каде што имало многу демонстранти. При тој обид го собориле од моторот и почнале да го удираат. Се чини дека неколку луѓе се обиделе да му помогнат на полицаецот.
Ова се случи за време на насилните протести низ Велика Британија, кои следеа откако 17-годишниот Аксел Рудакубана уби три девојчиња во Саутпорт.
Покрај пресметката меѓу полицијата и демонстрантите, дојде и до конфликт меѓу самите граѓани поради несогласувања за овој случај. Имено, меѓу демонстрантите имаше и десничари на кои им се спротивставија други граѓани. Десничарите напаѓаа и џамии. Претходно илјадници луѓе им оддадоа почит на убиените девојки.
Видеото може да го погледнете ТУКА