Пенелопе Круз присуствуваше на доделувањето на наградите Гоја, каде се појави во феноменален долг цветен фустан.
Во градот Ваљадолид, во Шпанија, се одржаа 38-ми по ред Гоја награди . Ова се главните шпански национални филмски награди (како Оскарите), доделени од Академијата за кинематографски уметности и науки на Шпанија.
Секако, ова е уште една можност за познатите дами да ги покажат своите свечени тоалети, а најголемо внимание привлече неверојатната Пенелопе Круз .
Пенелопе во април ќе го прослави својот 50-ти роденден, а сосема е очигледно дека годините за неа се само бројка.
Нејзината малку брановидна коса даваше елегантен и романтичен изглед.
Покрај Пенелопе, на доделувањето присуствуваа и актерките Белен Руеда (на нашата публика најпозната по улогата во серијата „Серанови“), како и Сигорина Вивер, кои исто така го одземаа здивот.