НАСКОРО СРЕДБА ПОМЕЃУ ВЛАДИМИР ПУТИН И РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГАН – Официјална Анкара го најави и очекува доаѓањето на претседателот на Русија во Турција

Официјална Анкара ги засили дипломатските напори за продолжување на Договорот за извоз на жито од украинските пристаништа во Црното Море и го очекува доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин во наредните денови, пишуваат турските медиуми.

Турските медиуми наведуваат дека доаѓањето на Владимир Путин, доколку се случи, ќе биде прва посета на рускиот претседател на една од членките на НАТО од почетокот на војната во Украина во февруари минатата година. 

Неколку од најугледните турски медиуми за време на викендот објавија дека средба на високо ниво треба да се одржи во Русија кон крајот на август или почетокот на септември.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кажа дека Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се договориле да одредат време и место за нивната следна средба што е можно поскоро.

Владимир ПутинполитикаРеџеп Таип ЕрдоганРусијаТурција