Момчето поминало повеќе од 30 часа во урнатините на зграда во градот Арманаз во Сирија. Кога спасувачите го пронашле во текот на ноќта и го извлекле на безбедно, тој едноставно не можел да ја скрие својата среќа.
Неговата широка насмевка и радосниот израз на лицето го разнежни целиот свет.
Спасувачите неуморно трагаат по преживеани, бидејќи поради екстремниот студ и постојаните помали земјотреси, како и изминатото време, шансите за нивно пронаоѓање се намалуваат. Затоа ваквите моменти се особено драгоцени.