Цело време ги гушкала децата а никој не можеше да ги контролира емоциите.
Наставничката по историја, која беше во училницата на тој кобен 3 мај кога момчето почна да пука во учениците, се појави во Сава центарот на настан за сеќавање на едно од настраданите девојчиња. Наставничката се обидуваше да остане силна цела вечер, но не можеше.
Цело време ги гушкала децата, а никој не можеше да ги контролира емоциите, ниту таа, ниту нејзините ученици.
Да потсетиме, наставничката на 3 мај беше погодена со три од 57 куршуми испукани од малолетникот Коста Кецмановиќ. На клиниката за рехабилитација во Сокобањска, наставничката била лечена неколку месеци, а на крајот констатирале дека нервите на левата нога можеби ќе можат да се регенерираат.
Владата на Република Србија ја донесе Одлуката за посебно јавно признание со кое се наградува наставничката по историја од Основното училиште „Владислав Рибникар“ од Белград, како израз на поддршка и почит за покажаната лична храброст кога била ранета додека држела час по историја за време на масовното пукање на 3 мај 2023 година.
Наставничките Наташа Васиќ и Марија Црнојевиќ и нивните колеги и поранешни ученици од ОУ „Владислав Рибникар“ ја започнаа иницијативата за доделување на ова признание на ранетата наставничка, за што беа собрани над 13.000 потписи на граѓани.