Наставник во подрачно училиште во дебарско село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое работи во рамките на Општинското основно училиште „Пенестија“ – Дебар.
Според Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид, случајот бил пријавен вчера во 15 часот и 30 минути.
„Во СВР Дебар е пријавено дека Е.С.(54), наставник во подрачно училиште во дибарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна тужба“, информира Димоски.
Ваков настан е забележан минатата година во подрачното училиште во село Броштица, кое функционира во склоп на ООУ Центар Жупа „Мустафа Кемал Ататурк“.