Папата Франциско го посети еден од најголемите италијански затвори, отворајќи специјална „света врата“ за Католичката црква по повод одбележувањето на јубилејот во 2025 година, во она што Ватикан го опиша како „историски чекор“, бидејќи за првпат светата врата е отворена во затвор.
Обраќајќи им се на стотици затвореници во четвртокот во затворот Ребибиа на периферијата на Рим, во надежен гест што ја покажува неговата блискост со затворениците, Францис рече дека ,,сака да ги отвори вратите, кои се дел од капелата на затворот и се една од само петте да се отвори во текот на светата година“, за да се покаже дека „надежта не разочарува“.
„Сакав втората света врата што ја отворам да биде овде, во затвор“, рече папата, кој „јубилејот на надежта“ го започна со отворање на светите врати на базиликата Свети Петар на Бадник во вторникот, пренесе Ројтерс.
Во неговата прокламација по повод јубилејниот настан, со наслов „Spes non confundit“ (надежта не разочарува), папата повика на форми на амнестија или помилување за затворениците, како и „патеки за реинтеграција“ посветени на нив и „укинување на смртната казна“.
Зборувајќи на пладневната служба на Ангел Господов, папата го опиша затворот како еден вид „катедрала на болка и надеж“.
„Сакам да мислам на надежта како сидро што е на брегот и со јаже сме безбедни. Не губете надеж, ова е пораката што сакам да ви ја пренесам, да ја пренесам на сите нас, бидејќи надежта никогаш не разочарува“, рече папата Фрањо.
На крајот од мисата, некои од затворениците и чуварите му подарија на папата подароци, меѓу кои и минијатурна репродукција на Светата врата и кошница со масло, колачиња и керамика.
Затворската управа му подари на папата Фрањо слика на Христос Спасителот направена од поранешниот затворски службеник, уметникот Елио Лусенте. Папата, пак, на затворот му подари пергамент за да го одбележи настанот.