Пристигна студената сезона, а овој пијалок направен од две природни состојки ќе ви помогне што побрзо да заздравите.
Во 1 dl млака вода измешајте една лажица мед и две лажички цимет во прав. Мешајте додека не се раствори медот. Конзумирајте го овој напиток два пати на ден, три дена по ред.
Медот содржи антибактериски и антиоксидантни својства, ја спречува кашлицата и го зајакнува имунолошкиот систем. Покрај тоа, корисен е и за воспоставување квалитетен сон.
Циметот има и антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Истражувањата покажаа дека кинескиот цимет содржи цимет алдехид, кој ги третира симптомите на стрес и депресија.
Покрај горенаведеното, циметот помага во контрола на нивото на шеќер во крвта и спречува срцеви заболувања. Мешавина од мед и цимет се користи уште од античко време за лекување на разни видови здравствени проблеми, особено во традиционалната кинеска медицина.