Наташа Беквалац, важи за една од најжешките и најубавите пејачки во регионот. Иако влезе во петтата деценија и зад себе има две ќерки, Наташа Беквалац се грижи за својот изглед. И поради здравствени причини, но и поради работни потреби, таа редовно тренира, а неодамна јавно го сподели својот план за исхрана.
Претходно таа зборуваше за својата тежина и борбата со откажувањето од цигарите, а сега пејачката веќе некое време ги одржува своите 60 килограми со помош на здрава исхрана. Таа се придржува до план кој точно диктира која храна може и која не смее да ја јаде.
Дозволената храна ги вклучува сите видови месо, млечни производи со можно помалку јаглени хидрати, зеленчук, јајца од секаков вид, јаткасти плодови, како и вода, која е многу важна во текот на денот (2,5 л. на ден).
Она што Наташа Беквалац го избегнува е секое пециво, овошје освен во недела, компири, соја, грав, боранија, тестенини, грашок, ориз, грицки, слатки, сокови. Потоа изјавила дека шест дена во неделата треба да избегнувате јаглехидрати, додека седмиот ден можете да си дадете пауза и да консумирате се освен слатки.
Со оваа диета човек може да изгуби најмалку 10 килограми за еден месец, бидејќи оваа диета на најдобар начин ги напаѓа мастите, притоа зачувувајќи ја мускулната маса.