НАТО денес објави дека ги засилува патролите во Балтичкото Море по неодамнешните инциденти поврзани со подводната инфраструктура во регионот.
„Зголемените мерки вклучуваат дополнителни извидувачки летови, вклучително и поморски патролни авиони и беспилотни летала. Дополнително, во тоа подрачје се испраќаат и четири ловци на НАТО“, се наведува во соопштението на Алијансата.
Вршителот на должноста портпарол на НАТО, Дилан Вајт, вели дека НАТО продолжува внимателно да ја следи ситуацијата и останува во близок контакт со партнерите во Естонија, Финска и Шведска.
„НАТО ќе продолжи да ја прилагодува својата поморска позиција во Балтичкото Море и ќе ги преземе сите неопходни чекори за да ги задржи сојузниците безбедни“, вели Дилан Вајт.
Гасоводот и телекомуникацискиот кабел што ги поврзува Финска и Естонија беа прекинати на 8. октомври во, како што веруваат финските иследници, намерна саботажа.
Според локалните медиуми, финската Влада смета дека Русија е одговорна за саботажата.