Германија треба да биде домаќин на најголемото распоредување на воздушните сили на НАТО над Европа во историјата на алијансата, соопштија официјални лица во средата.
Вежбата „Ер Дефендер 23“ треба да започне во понеделник. Ќе учествуваат 10.000 војници и 250 авиони од 25 земји.
Вежбите се дизајнирани да симулираат одговор на напад врз земја членка на НАТО. САД ќе испратат 100 авиони и 2.000 луѓе да учествуваат во вежбата.
„Покажуваме дека територијата на НАТО е нашата црвена линија, дека сме подготвени да го браниме секој сантиметар од оваа територија“, изјави генерал-полковник на германското воздухопловство Инго Герхарц.
Висок германски командант инсистираше на тоа дека вежбата е дизајнирана да демонстрира „одбранбен“ став кон Русија.
„Но, ние, на пример, нема да реализираме никакви летови до Калининград. Значи, ова е одбранбено“, рече тој.
Амбасадорката на САД во Германија Ејми Гутман рече дека вежбите ќе претставуваат „импресивна“ демонстрација на сила кон другите земји во светот.
„Ова е вежба која би била апсолутно импресивна за секој што ја гледа и ние не присилуваме никого да ја гледа“, изјави американски официјален претставник на новинарите во Берлин.