Времето денес изутрина ќе биде свежо, а преку денот сончево и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од четири до 15 степени, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува шест.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 33 степени Целзиусови.
До четврток ќе се задржи стабилно време, а од петок во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.