Научниците ги открија трите клучни работи кои го пордолжуваат животот! Првото место ќе ве изненади, не е ниту диетата, ниту здравиот живот туку…

Едноставниот начин на живот влијае на долговечноста“, ова го тврди научникот Сузан Пинкер.

Многумина велат дека тајната на долговечноста е здравата исхрана. Безброј пати имавме можност да ги слушнеме советите на стогодишници, од кои многумина не се двоумеле да признаат дека цел живот не консумирале здрава храна и уживале во се. Некои велат дека најмногу им помогнало чоколадото, други дека пиеле вино, но едно е сигурно – сите би сакале да знаеме што е трикот за подолг живот.

Според наодите од студијата спроведена на 28.000 испитаници, животниот век не се продолжува со исхраната, ниту со физичка активност. Одговорот е многу поедноставен, а се работи за редовна социјална интеракција со луѓе. 

Тоа би можело да биде многу едноставно, односно само еден телефонски повик или излегување на кафе со саканата личност може да им го продолжи животот на постарите. Истражувањето објавено во Journal of Epidemiology & Community Health ги подели учесниците во групи – луѓе кои се дружат секој ден, еднаш неделно, еднаш месечно, повремено и никогаш. Резултатите покажуваат дека колку е почеста социјалната активност, толку е поголема веројатноста дека ќе живееме подолго.

Резултатите за „одложената смрт“ ги изненадиле самите научници – за 42 отсто кај оние кои се дружат повремено е подолг животот додека за 48 отсто кај оние кои се дружеле барем еднаш месечно. Оние кои го правеле тоа барем еднаш неделно и секој ден имале неверојатни 110 проценти подолг живот.

Иако поврзаноста помеѓу зачестеноста на социјалната активност и целокупниот животен век беше намалена по прилагодувањето на социодемографските фактори, социоекономскиот статус, здравствените однесувања и неколку болести, таа сепак остана статистички значајна, што укажува дека самото учество во социјалните активности е важен фактор за севкупниот животен век на постарите луѓе“, велат научниците во истражувањето.

На оваа тема се осврна и Сузан Пинкер, која на презентацијата на истражувањето минатата година истакна дека клучот за подолг животен век се меѓучовечките односи и поврзаноста со луѓето, истакнувајќи дека и самата била изненадена. 

Социјалните интеракции се најважниот фактор за долг и квалитетен живот“, заклучила Сузан Пинкер.

животздравје