Научниците го откриле гробот на Платон? Вештачката интелигенција открива една прастара тајна

Италијански истражувач тврди дека тој и неговите колеги го пронашле гробот на грчкиот филозоф Платон.

Млад човек по име Грацијано Ранокија тврди дека тој и неговите соработници користеле вештачка интелигенција за дешифрирање на папирусите од античкиот град Херкуланеум, кој бил уништен од ерупцијата на Везув.

Ранокија и неговиот тим анализирале речиси целосно изгорено парче папирус кое било закопано по ерупцијата на Везув и на тој начин ја откриле точната локација во Атина каде почива познатиот Платон.

Тие дешифрираа 1.000 зборови, што одговара на речиси една третина од текстот, користејќи „бионско око“. Тие веруваат дека ќе завршат со анализа на папирусот до крајот на 2026 година.

„Во споредба со претходните изданија, сега дојдовме до речиси радикално изменет текст, кој вклучува голем број нови и конкретни факти за различни академски филозофи“, напиша Ранокија. Потоа додаде:

„Меѓу најважните податоци е дека Платон бил погребан во градина резервирана само за него во Академијата во Атина, во близина на таканаречениот Музеј или светилиште на музите. Досега се знаеше само дека е погребан во Академијата .

Новата анализа, исто така, откри дека Платон наводно бил продаден во ропство, пишува Дејли мејл .

„Досега се веруваше дека Платон бил продаден во ропство во 387 п.н.е за време на неговиот престој на Сицилија на дворот на Дионисиј I од Сиракуза. Во друг пасус, во дијалогот меѓу ликовите, Платон со презир зборува за музичките и ритмичките способности на варварски музичар од Тракија“, рече Ранокија.