НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИВААТ – Овие нездрави навики го зголемуваат ризикот од срцев или мозочен удар: “Бидете многу внимателни доколку…“

Средовечните луѓе со три или повеќе „нездрави особини“ имаат поголема веројатност да добијат срцев удар две години порано од оние без лоши навики и имаат поголема веројатност да умрат предвреме, покажа едно новото истражување.

Научниците откриваат дека средовечните луѓе кои генерално се чувствуваат добро може да имаат некои здравствени проблеми како што се висок крвен притисок, висок шеќер или висок холестерол.

Тие предупредуваат дека се повеќе луѓе имаат „метаболичен синдром“ кој без да го знаат тоа создава проблеми кои ќе се манифестираат подоцна во животот.

Многу луѓе во нивните 40-ти и 50-ти имаат малку сало во стомакот и малку покачен крвен притисок, холестерол или гликоза, но генерално се чувствуваат добро и не се свесни за ризиците и не бараат докторски совет“, се вели во студијата, напишана од Лена Лонберг од болницата „Vastmanland“ во Шведска.

Тоа сценарио, наречено метаболички синдром, е се поголем проблем кај западните популации каде луѓето несвесно развиваат проблеми подоцна во животот“, се наведува во студијата и се додава: „Тие пропуштаат одлична можност да интервенираат пред срцеви и мозочни удари кои можат да се избегнат“.

Во истражувањето, претставено на конгресот на Европското здружение за кардиологија (ESC) во Амстердам, се анализирани податоците на повеќе од 34.000 возрасни лица на возраст од 40 и 50 години од Шведска кои поминале низ програма за скрининг на срцеви заболувања во 1990-тите години. Собрани се податоци за тежина, висина, крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта и тие пополниле прашалник за животните навики.

Метаболичен синдром е откриен кај оние кои имале три или повеќе карактеристики: голем обем на половината, висок холестерол, висок крвен притисок или висок шеќер.

Во набљудуваната група, 5.000 испитаници биле оценети дека имаат метаболички синдром и нивните податоци биле споредени со 10.000 луѓе кои го немаа. Тие биле следени во просек по 27 години. Во тој период умреле 26 отсто од луѓето со метаболички синдром, наспроти 19 отсто од оние без него.

Ова значи дека оние со метаболички синдром имале 30 проценти поголема веројатност да умрат во периодот на следење во споредба со оние без него, објавија истражувачите.

Околу 32 отсто од испитаниците за кои се оценува дека имаат метаболички синдром доживеале нефатален срцев удар или мозочен удар, во споредба со 22 отсто од оние без синдром, што одговара на 35 отсто ризик од срцев удар и мозочен удар кај оние со метаболички синдром.

Научниците заклучиле дека луѓето со метаболички синдром имаат поголема веројатност да доживеат срцев удар или мозочен удар 2 до 3 години порано од оние без него.

Бидејќи метаболичкиот синдром е збир на фактори на ризик, нивото на секоја поединечна компонента не мора да биде многу покачено. Всушност, повеќето луѓе живеат само со благо покачени нивоа многу години пред да развијат симптоми кои бараат од нив да побараат докторска помош“, вели д-р. Лена Лонберг.

Најризичната компонента е крвниот притисок, особено кај жените во 40-тите години, што го нагласува фактот дека треба да се држи под контрола“, нагласува таа.

Резултатите ја нагласуваат важноста од рано откривање на факторите на ризик преку програмите за скрининг на здравјето, така што ќе се преземат превентивни мерки за спречување на срцев удар и мозочен удар и прерана смрт“, вели таа.

Општо правило, дури и ако се чувствувате добро, е да го проверувате крвниот притисок секоја година, да избегнувате пушење, да внимавате на половината и последно, но секако не и најмалку важно, да бидете физички активни секој ден“, заклучи таа.

животздравје