НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЛЕ ЖИВОТ НА ДРУГА ПЛАНЕТА !? Објавени шокантни информации собрани од најмоќниот телескоп во Вселената

Телескопот „Џејмс Веб“ можеби отрки знаци на живот на планета која е оддалечена 120 светлосни години од нашата Земја, пишуваат странските медиуми.

Имено, станува збор за откриена молекула наречена „диметил сулфид“ (ДМС), а на Земјата, оваа молекула може да ја произведува само нешто живо.

Сепак, научниците нагласија дека откритието не е сосема сигурно и дека се потребни повеќе податоци за да се потврди присуството на ДМС.

Истражувачите, исто така, открија присуство на метан и јаглерод диоксид во атмосферата на оваа планета.

Според медиумите, присуството на овие гасови може да значи дека оваа планета наречена K2-18b има воден океан.

Професорот Нику Мадхусудан од Универзитетот во Кембриџ, кој го предводи истражувачкиот тим, за медиумите изјавил дека целиот тим бил „шокиран“ кога ги видел резултатите.

На Земјата, ДМС произведува само нешто живо. Поголемиот дел од земјината атмосфера емитира фитопланктон во морските средини“, рекол тој.

Но, професорот нагласува дека се уште е рано за конечни заклучоци и дека се потребни повеќе податоци, кои ќе бидат достапни за една година, за да се потврди откритието.

Ако се потврди, тоа ќе биде голема работа, а јас чувствувам одговорност да го направам тоа правилно, ако сакаме да тврдиме нешто толку големо“, нагласил Нику Мадхусудан.

Ова е прв пат астрономите да детектираат можна трага од ДМС на планета која орбитира околу далечна ѕвезда. Но, тие ги третираат резултатите со претпазливост, нагласувајќи дека пред три години слично тврдење за присуството на молекули на фосфин, произведени од живи организми, во облаците на Венера било отфрлено една година подоцна/

Телескопот „Џејмс Веб“ е способен да ја анализира светлината што минува низ атмосферата на далечните планети. Таа светлина ги содржи хемиските „потписи“ на молекулите во нејзината атмосфера. Деталите може да се дешифрираат со разложување на светлината на нејзините составни фреквенции – исто како што призмата го создава спектарот на виножитото. Ако недостасуваат делови од спектарот, тоа значи дека тие биле апсорбирани од хемикалии во атмосферата, што им овозможува на истражувачите да го дознаат нејзиниот состав.

Овој подвиг е уште поневеројатен бидејќи планетата е оддалечена повеќе од 1,1 милион милијарди километри, така што количината на светлина што допира до телескопот е навистина мала.

Покрај ДМС, спектралната анализа открила големи количества гасови од метан и јаглерод диоксид со висок степен на сигурност.

Пропорциите на јаглерод диоксид и метан одговараат на претпоставката дека на планетата има воден океан, под атмосфера богата со водород. Телескопот „Хабл“ претходно забележал присуство на водена пареа, поради што планетата К2-18b беше една од првите на листата за истражување за далеку помоќниот „Џејмс Веб“. 

Способноста на планетата да поддржува живот зависи од нејзината температура, присуството на јаглерод и можеби течна вода. Набљудувањата од телескопот „Џејмс Веб“ се чини дека сугерираат дека планетата K2-18b ги исполнува сите овие услови. Но, само затоа што планетата го има целиот потенцијал да поддржува живот, не значи дека го има и затоа е важно дефинитивно да се утврди можното присуство на ДМС.

Она што ја прави оваа планета уште поинтересна е тоа што не е налик на Земјата, т.е. не спаѓа во класата на т.н. карпести планети, кои досега биле кандидати за живот, кои орбитираат околу далечните ѕвезди. K2-18b е приближно девет пати поголема од Земјата.

ВселенаживотНАСА