Научниците ги прашале жените на возраст меѓу 18 и 48 години за детали за нивниот глас односно нивното врескање за време на сексот.
Авторите на едно истражување дошле до заклучок дека гласното стенкање е всушност глас кој жените најмногу го користат за повеќе да го возбудат партнерот и да го стимулираат неговиот оргазам.
Научниците ги прашале жените на возраст меѓу 18 и 48 години за детали за нивниот глас за време на сексот. Откриле дека повеќето жени стенкаат за време на сексот, но не нужно кога доживуваат оргазам. Наместо тоа, 66 отсто признале дека стенкале за да го забрзаат оргазмот на партнерот, додека 87 отсто од жените рекле дека тоа прави да се чувствуваат посекси и посамоуверени.
„Додека женските оргазми најчесто се постигнуваат за време на предиграта, копулаторната вокализација е на највисоко ниво пред и истовремено со машкиот оргазам“, заклучиле научниците. Дополнително, тие додаваат дека жените вбризгуваат гласно задоволство за да ја намалат „досадата“ во креветот.
„Нема толку многу истражувања во оваа област, но ние сме бомбардирани преку медиумите со идејата дека стенкањето е поврзано со оргазам и добар секс“, вели научникот Кристен Марк од Универзитетот во Индијана и објаснува: „Ако стенкате, му давате до знаење на партнерот дека сè прави добро, што очигледно не е секогаш случај. Затоа стенкањето и гласните извици треба да ги користите само кога нешто е добро, а не кога сакате да го прикриете она што не е добро и убаво“.