Тим предводен од истражувач од белгискиот универзитет во Лувен открил потенцијално револуционерен начин за лекување на проблеми како зависноста и депресијата, објави белгискиот портал Фокус на Белгија.
Научникот Пјер Василијадис откри начин да го стимулира стриатумот – кој се наоѓа длабоко во нашата сива материја – без операција или импланти, односно на неинвазивен начин.
Техниката што ја користат научниците е насочена кон стимулирање на таканаречената транскранијална темпорална интерференција и може да влијае на многу непријатни состојби како што се депресија, зависност од дрога и практично секоја друга состојба за која системот за наградување на мозокот игра клучна улога.
Два пара електроди се стратешки поставени на главата на пациентот и испраќаат слаби електрични полиња низ мозокот, на две различни фреквенции.
Разликата меѓу овие фреквенции е она што го стимулира насочениот дел од мозокот, додава белгискиот портал.