Научниците потврдија: Лекот кој Македонците го користат секој ден има негативни ефекти! Внимавајте, сите го имате во вашите домови (фото)

Минатата година, научниците во Америка открија дека еден од најраспространетите и најчесто користени лекови ширум светот, парацетамолот, има прилично бизарен несакан ефект.

Имено, тим истражувачи од Универзитетот во Охајо откриле дека употребата на парацетамол може да ја промени вашата перцепција за ризик и со тоа потенцијално да ве доведе во опасност.

Лекот, познат во Америка како ацетаминофен, се користи и како аналгетик (ублажување на болка) и антипиретик (намалување на треска), а токму по овој лек најчесто посегнуваме кога имаме висока температура.

Ако се придржувате до вистинската доза, тоа ретко предизвикува несакани ефекти, но научниците сега знаат дека оние кои го користат се повеќе склони кон ризик од луѓето кои земале плацебо во експериментот.

– Се чини дека парацетамолот делува така што луѓето чувствуваат помалку негативни емоции кога размислуваат за преземање ризични активности. Тие едноставно не се чувствуваат толку исплашени – рече невронаучникот Болдвин Веј, коавтор на оваа студија, објавена во списанието „Социјална Когнитивна и афективна невронаука“.

Студијата покажа дека парацетамолот има одредени ефекти врз психата, односно ги намалува позитивните и негативните емоции, вклучително и повредените чувства, анксиозноста поради страдањето на друга личност, па дури и сопствената радост.

Во една студија, на 189 учесници им биле дадени или 1.000 mg парацетамол – препорачаната доза за лекување на главоболки, или плацебо лек. Откако чекале таблетата да делува, авторите на студијата побарале од испитаниците да оценат на скала од 1 до 7 колку тие мислат дека се ризични одредени постапки.

Оние кои биле под влијание на парацетамол дале пониски оценки во споредба со плацебо групата, додека оценување на активности како скокање со падобран, менување кариера во нивните 30-ти години, шетање сами навечер во небезбедна област…

Инаку, во април 2021 година, истражувачите од Универзитетот во Сиднеј спроведоа студија која утврди дека парацетамолот има најслаб ефект кога се зема за акутна болка во грбот, пишува The Sun.

– Иако употребата на парацетамол е широко распространета, неговата ефикасност во ублажувањето на болката е утврдена само за неколку состојби, а неговата вистинска корист е често скромна.

Високо или умерено квалитетни докази дека парацетамолот е подобар од плацебото за ублажување на болката биле достапни само за 4 од 44 испитани состојби кои предизвикуваат болка, велат австралиските експерти.