Научниците пронајдоа нова органела во човековото тело

Иако долго време се сметаше дека човековото тело е целосно проучено, научниците повторно изненадуваат со ново откритие. Истражувачи од Универзитетот во Вирџинија идентификувале непозната клеточна органела наречена хемифусом, со дијаметар од само 100 нанометри – толку мала што може да се види единствено со електронски микроскоп.

Според првичните анализи, таа игра улога во распределбата и отстранувањето на протеини од клетките. Доколку оваа функција се потврди, хемифусомите би можеле да бидат клучни за разбирањето и третманот на невродегенеративни болести, особено Алцхајмеровата.