Научниците се шокирани: Ги проучувавме кучињата од Чернобил…

Студијата, неодамна објавена во списанието „Canine Medicine and Genetics“, покажа дека потомците на кучињата од нуклеарната катастрофа во Чернобил имаат различен развој и невиден отпор кон екстремни ситуации.

Имено, како што откри научниот тим кој го спроведе ова истражување, генетските тестови направени врз кучињата во областа покажале дека тие издржуваат екстремни временски услови и ограничени извори на храна.

Тие, секако, нагласија дека продолжуваат со истражувањето за целосно да разберат како успеваат да преживеат во радиоактивна средина и да се прилагодат на неа.

Студијата, предводена од Државниот универзитет NC во Северна Каролина, во САД, е прво научно испитување на генетскиот состав на кучињата скитници кои живеат во близина на поранешна нуклеарна централа.

Потсетуваме дека на 26 април 1986 година се случија две експлозии во реакторот 4 на нуклеарната централа во Чернобил, што доведе до огромно ослободување на радиоактивност и создавање на радиоактивни облаци.

По 38 години, преостанатите кучиња, потомците на преживеаните кучиња, претставуваат интересен примерок за научно проучување и насоки кои се отвораат во иднина.