Според најновото истражување, луѓето кои се сметаат за ноќни птици имаат подобри когнитивни функции од оние што рано стануваат.
Истражувањето било спроведено на 26.000 луѓе кои доцна си легнуваат, а покажало дека имаат подобри резултати на тестовите за интелигенција и меморија, пренесува „Гардијан“.
Како што покажува оваа студија, верувањето дека оние кои легнуваат доцна не успеваат да направат многу во текот на денот е неточно.
Луѓето кои легнуваат доцна имаат побрзи реакции, подобра меморија и се попроникливи од оние кои рано стануваат, заклучува истражувањето.
Водачот на истражувањето Раха Вест истакна дека, иако е неопходно да се разберат и усогласат со природните тенденции за спиење, подеднакво е важно да се одвои доволно време за спиење, кое не треба да биде ниту премногу кратко, ниту премногу долго.
– Од клучно значење е вашиот мозок да биде здрав и да функционира максимално – рече тој.
Студијата беше спроведена од истражувачи од Империјалниот колеџ во Лондон.