НАУЧНО ДОКАЖАНО – Жените кои го пијат овој вид на вино побавно стареат: Спроведеното истражување ќе воодушеви многу луѓе ширум светот

Еден вид на црвено вино може да го спречи стареењето на кожата, тврдат експертите. Едно ново истражување покажа дека специфичен и необичен тип на црвено вино ја прави кожата помлада!

Истражувачите од Универзитетот во Флорида откриле дека жените кои пијат две чаши безалкохолно мускат вино дневно имаат поголема еластичност и повеќе ја задржуваат водата во кожата од оние кои консумирале плацебо. Наодите од студијата беа презентирани овој понеделник во Бостон на годишниот состанок на Американското друштво за исхрана – „Исхрана 2023“.

илустрација

Мускатното вино е направено од грозјето Мускат, тврдо грозје со дебела кора, кое потекнува од Северна Америка.

Користевме безкохолизирано вино Мускат затоа што бевме заинтересирани за ефектот на биоактивни соединенија во виното, особено полифенолите, врз здравјето на кожата“, вели д-р. Линдзи Кристман, која го спровела истражувањето со д-р. Ливеи Гу, професор за хемија на храна, се вели во соопштението за печатот.

Губењето на еластичноста предизвикува кожата да попушта во процесот на стареење, додека задржувањето на водата помага да се создаде бариера против оштетување.

Споменатата студија е прва која го утврди начинот на кој консумирањето безалкохолно вино може да влијае на здравјето на кожата во рандомизирано клиничко испитување.

Научниците избрале 17 жени на возраст меѓу 40 и 67 години и по случаен избор им дале да пијат две чаши дневно деалкохолизирано вино Muscada и плацебо пијалок кој има сличен вкус.

Грозјето потекнува од американскиот југоисток и најчесто се користи за правење вино, иако често се нарекува „суперплод“ поради високите нивоа на полифеноли – вклучувајќи антоцијани, кверцетин и елагична киселина – кои можат да го намалат воспалението и оксидативниот стрес.

Утврдено е дека грозјето мускат има уникатен полифенолен профил во споредба со другите сорти на црвено вино“, вели Линдзи Кристман.

Плацебо пијалокот не вклучува полифеноли.

Учесниците во испитувањето пиеле по две чаши од доделениот пијалок дневно во текот на шест недели, потоа правеле двонеделна пауза, потоа се префрлиле и пиеле уште еден пијалок уште шест недели.

Состојбата на кожата и маркерите на воспаление и оксидативен стрес биле мерени на почетокот на студијата, како и на крајот од секој период од шест недели.

Истражувачите откриле дека виното мускат има значително влијание врз еластичноста на кожата, како и намалување на загубата на вода на површината на кожата.

Нашата студија сугерира дека полифенолите на гројзето имаат потенцијал да ја подобрат состојбата на кожата, особено еластичноста и трансепидермалното губење на вода кај средовечни и подоцнежни жени“, вели Линдзи Кристман.

Сепак, тие не откриле значаен ефект врз количината на брчки на кожата по студијата.

илустрација

Додека кожата станува помазна поради пониските нивоа на воспаление и оксидативен стрес за групата која пиела вино Muscada, разликата во споредба со плацебо групата не била значајна во однос на тој параметар.

Оваа вкрстена студија покажа дека шестнеделното консумирање вино Muscada резултирало со подобрувања на одредени параметри на кожата поврзани со стареењето, како што се еластичноста на подлактицата и функцијата на бариерата на кожата на лицето, во споредба со основната линија и плацебо“, објаснува Линдзи Кристман и додава: „Ова најверојатно се должи на намалување на воспалението и оксидативниот стрес“.

Истражувачите веруваат дека повторувањето на студијата со поголема и поразновидна група на луѓе би било добро да се потврдат наодите.

виноживотздравје