Националниот музеј „Александрија“ во Египет, еден од најуникатните во светот

 – Националниот музеј „Александрија“ во крајбрежниот град Александрија, во Египет, што Хосни Мубарак, тогашниот претседател свечено го отвори на 31 декември 2003 година, се смета за еден од најуникатните музеи во светот бидејќи ја раскажува приказната за Египет од минатото до денес, пишува Анадолу.

Се наоѓа во реновирана палата во италијански стил на улицата „Тарик ал-Хореја“.

Во зградата што датира од 1926 година, некогаш бил сместен Конзулатот на Соединетите Американски Држави. Музејот содржи околу 1.600 артефакти, предмети од фараонската, римската, коптската и исламската ера.

Александрискиот национален музеј е прв од таков вид во Египет, а мумиите во него се изложени во посебна подземна комора.

Музејот е поделен на три ката, првиот односно подрумот е предвиден за фараонскиот период, вториот за грчко-римскиот и исламски период до модерната ера до Јулската револуција, а освен тоа Музејот има и сала за предавања и лабораторија, како и театар на отворено за 1.000 гледачи.