Зеленски по повод самитот на НАТО.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека поголемиот дел од земјите членки на НАТО се со неговата земја и дека самитот на НАТО во Вилнус мора да потврди дека Украина е де факто членка на Алијансата .
– Мнозинството од Алијансата цврсто стои со нас – рече Зеленски во синоќешното обраќање.
– Кога аплициравме за членство во НАТО, искрено рековме: де факто Украина е веќе во Алијансата. Нашето оружје е оружје на Алијансата. Нашите вредности се она во што верува Алијансата. Сето ова Вилнус мора да го потврди – рече Зеленски.
Тема на самитот – испорака на оружје за Украина
Тој додаде дека на самитот ќе се разговара и за дополнителни испораки на оружје за Украина.
– Сигурен сум дека од Вилнус би можеле да пристигнат позитивни вести за оружјето за нашиот народ – рече Зеленски.
Утре во Вилнус почнува дводневниот самит на лидерите на НАТО, а главна тема ќе биде одговорот на Алијансата на барањето на Украина да стане членка на воената организација.