Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство до Русија поради терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити“ во близина на Москва, додавајќи дека терористичките акти се неприфатливи.
– Во име на мојата земја и народ, изразувам сочувство до Русија во врска со терористичкиот акт во концертната сала во Москва. Најостро го осудуваме грозоморниот напад врз невините цивили – рече Ердоган за време на предизборниот митинг во Анкара.
Според него, турскиот народ е запознаен со крвавото лице на тероризмот и ја споделува тагата на Русите.