Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас изјави дека Грција потпишала договор за набавка на 16 противбродски ракети од Франција.
Договорот за купување на ракетите „Егзоце“ од француско производство беше потпишан во Атина од Денџас и францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни, објави Ројтерс, наведувајќи дека цената на ракетите не е соопштена.
Грција се согласи да купи три француски фрегати и повеќе од 20 борбени авиони Рафал од 2021 година, кога потпиша одбранбен пакт со Франција.
Покрај тоа, Грција најави дека ќе купи четврта фрегата и крстаречки ракети од Франција, како дел од планираниот буџет за одбрана од 25 милијарди евра до 2036 година за модернизација на своето оружје.