По разводот, Сунетра Састри наследила луксузна палата вредна повеќе од 21 милион фунти.
Роуан Аткинсон, познат по улогата на мистер Бин, беше во брак со Сунетра Састри (67) повеќе од две децении и има две деца со неа. Нивниот брак заврши кога Аткинсон започна афера со актерката Луиз Форд, која е 26 години помлада од него. Врската предизвика огромна јавна реакција, а близок извор изјави дека Сунетра била „длабоко повредена“ од неговото неверство.
Брз развод
Разводот на парот во 2015 година беше одобрен за само 65 секунди поради „неразумното однесување“ на Аткинсон. Иако деталите не беа откриени, јавноста шпекулираше за причините. По разделбата, Сунетра ја добила раскошната семејна куќа, додека Аткинсон се преселил во поскромна викендица вредна четири милиони фунти.
Ќерката која го смени презимето
Лили Аткинсон, нивната ќерка, длабоко разочарана од постапките на татко ѝ, го променила презимето во Састри, во чест на мајка ѝ. Денес таа е успешна кабаре-уметница и често настапува во лондонските клубови, но не е блиска со својот татко.
Живот по разводот
Аткинсон сега живее повлечен живот. Во 2017 година доби ќерка со Луиз Форд, а во 2024 година најавил пауза од кариерата за да се посвети на семејството и да ѝ овозможи на Луиз да се фокусира на нејзината актерска кариера.
Иако е далеку од медиумите, Роуан Аткинсон останува запаметен по иконските комични улоги, но и по скандалите што го следеа неговиот приватен живот.