Раководството на Барселона подготвува две-годишен договор за фудбалерот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, кој во шпанскиот клуб би можел да дојде како слободен играч.
Договорот на Гундоган со Манчестер Сити истекува на крајот од сезоната, а 32-годишниот германски репрезентативец размислува и за други клубови.
Како што објави Times, Барселона на Гундоган би му понудила едно-годишен договор, со опција за продолжување на соработката уште една година.
Гундоган ја има довербата на бордот и тренерот на „Граѓаните“, Пеп Гвардиола, кој изјави дека би сакал да го задржи во тимот, но е свесен дека англискиот клуб ќе му понуди пократок договор од оној што го нуди Барселона, пишува весникот.
Гундоган во 2016 година се пресели од Борусија Дортмунд во Манчестер Сити, за кој одигра 293 натпревари и постигна 54 голови. Тој освои четири титули во Премиер лигата со Сити, еден ФА Куп, четири Лига купови и два Комјунити Шилд трофеи.