Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла, од 50 до 100 метри има на патните правци Тетово – Скопје и Скопје – Велес, а забавено е одвивањето и на сообраќајот во главниот град.
На Меѓународниот аеродорм Скопје, според информациите од аеродромската веб-страница, најавени се доцнења за дел од летовите, но нема откажани.
АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.