Франсоаз Бетенкур-Мајерс (69) е наследничка на империјата L’Oréal и официјално најбогатата жена во светот.
Франсоаз Бетенкур-Мајерс (69) со години е меѓу најбогатите жени во светот. Таа е мнозинска сопственичка на L’Oreal.
Таа постојано го зголемува своето богатство, па моментално се проценува на 78,6 милијарди долари.
Не вложува пари во својот изглед
Оваа жена која поседува огромно богатство, интересно, не вложува многу пари во својот изглед. Воопшто не се шминка , ретко се суши со фен и речиси никогаш не ги кубе веѓите.
Таа е и мајка на две деца и е во брак 40 години. Нејзиниот сопруг е Жан-Пјер Мајерс, француски бизнисмен од еврејска вероисповед.Тие се венчаа на почетокот на април 1984 година во Тоскана и имаат два сина: Жан-Виктор, кој има 36 години, и Николас, кој е две години помлад.
Таа наследила огромно богатство од нејзината мајка, која починала во 2017 година на 94-годишна возраст. Франсоаз денес поседува 33 отсто од најголемата светска козметичка компанија, основана во 1909 година од нејзиниот дедо Јуџин Шулер.
Шулер беше надарен хемичар, кој ја измати првата боја за коса што не смрдеше и не ја иритираше кожата во кујната на неговиот двособен стан во Париз. Потоа дизајнираше други производи за нега и убавина и се роди познатата куќа за козметика.
Има милијарди, но живее скромно
Денес, Франсоаз Мајерс активно учествува во бизнисот на L’Oreal како член на одборот на директори и како претседател на одборот на директори на семејниот холдинг Tethys.
Само од Лореал годишно заработува повеќе од пет милијарди евра.
Интересно е што таа самата не користи козметички производи. Таа изгледа и живее многу скромно, што е невообичаено со оглед на нејзиното огромно богатство.