Подготвени за час и ќе исчезнат од масата за кратко време.
Ви требаат:
2 јајца
30 лажици брашно
2 чаши јогурт
масло по потреба
кесичка прашок за пециво
сол
Подготовка:
Во сад измешајте брашно, сол и прашок за пециво и измешајте. Јајцата се матат посебно и се додаваат во претходната смеса. Истурете го јогуртот и измешајте со жица за да се соединат состојките. Извадете го тестото со лажица и ставете го во тава со загреано масло. Пржете ги по една минута од секоја страна, а потоа ставете ги на хартиена крпа за да се исцеди вишокот маснотии. Послужете со прилог по ваш избор.
Пријатно!