Само облечете ги и доцнењето ви е минато, а цената е „вистинска ситница“
По електричните велосипеди , скутери и лизгалки, сега има и електрични чевли . Имено, компанијата „Shift Robotics“ неодамна го лансираше својот иновативен производ „Moonwalkers“, електрични додатоци за чевли кои овозможуваат, според креаторите, нов начин на одење – со брзина на трчање.
Ова значи дека можете да одите 2,5 пати побрзо од вообичаеното во нив бидејќи тие може да ја зголемат вашата брзина на одење до 11,2 km/h. Едно полнење на батериите треба да овозможи патување до 10 километри.
Благодарение на интуитивниот погон со вештачка интелигенција, чевлите се прилагодуваат на одењето, за што не е потребна дополнителна вештина, потребни се само 10 чекори за да се прилагоди на шетачот, тврдат тие.
Shift Robotics започна кампања Kickstarter во октомври и на својата веб-страница објави дека ја исполнила целта за финансирање за помалку од 48 часа, со што вкупно собрала нешто повеќе од 329.000 долари. Нивната цел, како што тврдат, е да ја трансформираат урбаната мобилност. Она што го нагласуваат е дека не се работи за кифличките. Во „Moonwalkers“ – „само одиш“.
Цената во претпродажба на овие чевли на пазарот во САД е 1.399 долари.