Постојат неколку артикли што ги користиме секој ден, а кои се место за размножување бактерии. Треба да обрнете внимание на нив следниот пат кога ќе чистите.
На прво место се сунѓерите за миење садови и крпите од микрофибер кои ги користиме за чистење на мијалници, кујнски површини и маси. Сепак, тие претставуваат опасност со оглед на тоа што содржат најмногу бактерии, според истражувањето на Scientific Reports . За да се заштитите, имајте на ум дека треба редовно да ги менувате.
Оваа листа вклучува и четки за заби. Од истата причина, треба да ги плакнете темелно секој пат по употреба и, се разбира, исто така редовно да ги менувате.
Секојдневно ги допираме рачките на вратите, шкафовите и фрижидерите, без да размислуваме премногу за нив. Сепак, тие се идеални за пренос на бактерии. Задолжително добро исчистете ги со средства за дезинфекција.
На четврто место се далечинските управувачи, кои често забораваме да ги избришеме. Треба да внимавате и на чистотата на чантата што ја носите. Покрај тоа што редовно ќе го чистите, внимавајте никогаш да не го испуштате на подот.