Станува збор за српска традиционална песна од Првата светска војна, а зборовите зборуваат за напуштено село, опожарена црква и повлекување низ Албанија.
Чен Бо, амбасадорката на Кина во Србија, на својот Твитер профил објави клип од новогодишната програма на државната кинеска телевизиска куќа CCTV, во која може да се види дека гледачите во еден момент ја слушале како пејачот Слободан Тркуља како ја изведува песната Тамо далеко.
Кинеската Нова Година или Пролетниот фестивал е најважниот и најдолгиот традиционален кинески празник. Позната е и како Лунарна Нова Година, особено надвор од Кина.
Кинеската Нова година започна на 22 јануари и ќе трае до 9 февруари 2024 година, а е во знакот на водениот зајак.
Таканаречената Новогодишна гала е специјално шоу во продукција на China Media Group (CMG), има најголема публика меѓу сите забавни емисии во светот, а новогодишната програма за 2018 година ја следеа повеќе од една милијарда гледачи.