Извршниот директор на Туркиш ерлајнс, Билал Екси, истакна дека компанијата има за цел да го зголеми бројот на авиони на 813 до 2033 година.
Се смета дека ова е доволно за да се зајакне позицијата на авиокомпанијата која има летови до речиси сите земји во светот.
„Туркиш ерлајнс“ претходно објави дека сака да ја удвои својата авионска флота, која моментално се состои од 437 авиони. Таа е деветта по големина флота во светот. Екси нагласи дека со зголемување на бројот на авиони до 2033 година ќе биде третата по големина флота во светот.
Оваа авиокомпанија преговара со Ербас за купување на 355 нови авиони. Доколку се заклучи аквизицијата, тоа ќе биде најголемата аквизиција во историјата на компанијата. Испораката на тие авиони се очекува да започне во 2026 година. Екси истакна дека Туркиш ерлајнс имала 65 авиони пред 20 години.
„Во моментов имаме летови до 129 земји со 350 дестинации, меѓу кои е и Турција. Ова несомнено ги трансформира Истанбул и Турција во значаен центар за трансфери“, нагласи Екси.
Во овој контекст, тој ја истакна важноста на аеродромот во Истанбул, опишувајќи го како катализатор за проширување. За Туркиш ерлајнс, овој аеродром е главен центар за летови во Европа, Азија и Африка.
Изградбата на аеродромот во Истанбул чинеше 12 милијарди долари и беше отворен во 2018 година.
Стратегијата на Туркиш ерлајнс подразбира достигнување 170 милиони патници во следните десет години.