Најголемиот албански лобист ги предупреди властите во Косово: Курти ја губи поддршката, односите на Приштина со САД и ЕУ се нарушени

Америка и ЕУ внимателно следат што се случува на северот на Косово.

Односите меѓу Приштина и Европската унија се нарушени, изјави американскиот аналитичар и албански лобист Даниел Сервер.

Тој за ,,RТК”, на прашањето дали дипломатските односи на Косово и САД се нарушени поради ситуацијата на северот на Косово и Метохија, одговори дека односите се „нарушени“.

– Се чини дека има многу американски и европски дипломати кои се жалат на некоординација од страна на Косово. Не знам што точно се случи, но јасно е дека односите со Европа и САД се нарушени – изјави Сервер.

Според неговото мислење, Приштина треба да ги подобри односите со Вашингтон и Брисел.

Сервер додаде дека ги охрабрува властите во Приштина да бидат, како што наведе, „внимателни“.