Најдекорираната куќа осветлена со 150.000 светилки: Спектакуларната глетка никого не остава рамнодушен, но ниту сметката за струја (фото)

Домот во Бристол украсен со божиќни светилки ќе собере средства за добротворната организација Такси за воени ветерани.  Ричард Ајлс веќе шест години го украсува својот семеен дом со новогодишни светилки.

Оваа година светлосната инсталација е поголема од кога било, бидејќи повеќе од 150.000 светилки ќе го осветлат неговиот имот.

Инаку, Ричард секоја година оди во Нормандија за да ја одбележи операцијата на Денот Д – најголемата поморска инвазија во историјата, која го означи почетокот на ослободувањето на Западна Европа и Франција.

Кога Ричард дознал за работата на Таксис, добротворна организација за воени ветерани, решил дека божиќната светлосна екстраваганција во 2024 година ќе собере средства за нив.

– Селото со нетрпение ја очекува светлосната инсталација и бидејќи тоа го правиме веќе шест години, мислам дека никогаш нема да можеме да престанеме. Оваа година инсталацијата ќе биде поголема и поубава од било кога.  Не можевме да постигнеме толку величествена инсталација без помош и благодарни сме на нашите спонзори – рече тој, пренесува In your area.

Светлата ќе бидат вклучени 24 часа до 29 декември. Иако се чини дека ќе го дочекаат огромни сметки за струја, сопственикот истакна дека цената на струјата е многу пониска од очекуваната и дека вреди.